Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово преку Фејсбук им се обрати на граѓаните.
Тој рече дека украинските одбранбени линии се задржуваат додека руските сили ги напаѓаат. Зеленски рече и дека од полноќ немало прекин во руското бомбардирање.
Зеленски рече дека промените во руската тактика и гранатирањето цивили во градовите покажале дека Украина е успешна во отпорот на првичниот план на Москва да испорача брза победа со копнен напад.
„Толку пати сакаа да не уништат. Не можеа. Поминавме низ толку многу. А во Украина нема работа. Одете дома“, рече Зеленски.
