Македонија ќе донира воени средства и опрема за официјалните вооружени сили на Украина. Оваа одлука ја донесе Владата на Република Северна Македонија, со што се придружува на сеопфатната поддршка на сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ. Видот на средствата се согласно барањата на Украина, соопшти Владата попладнево.
Македонија ќе учествува и во координацијата за прифат на украински бегалци, а преку истиот механизам ќе упати помош за Украина кои веќе ја побарале, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во саботата.
-Побараа крвни единици и медицинска помош, но и други работи. Се слушнав со министерот за здравство и со директорот на Трансфузиологија и бев известен дека крвни единици има доволно. Ќе ја координираме таа помош за да ја испратиме преку механизмите за цивилна помош и заштита на ЕУ и НАТО, истакна министерот Османи пред два дена.
