Вести Економија

Последиците од руската инвазија удрија силно и врз македонската економија

Земјоделството, прехрамбената индустрија, винарската, фармацијата, дел од автомобилската индустрија, металната и компаниите  кои се поврзани со набавка на енергенси- ќе трпат големи штети од Руската инвазија на Украина и  од економските санкции кои ги воведоа западните сојузници кон Русија. Компаниите стравуваат  дали ќе ги наплатат парите од договорите тешки милиони евра, откако дел од руските банки се исклучени од  системот СВИФТ мегународната финансиска мрежа за трансфер на пари. Не се на чисто ниту дали долгорочните договорите се  прекинуваат и како да најдат нов пазар за пласман, но и за увоз на производи и суровитни. Се чекаат и контрасанкциите на Русија, откако земјава воведе за нив.

Трговската размена со Русија лани изнесуваше околу 200 милиони долари, од кои 56 милиони се извоз. Третина од земјоделските производи завршуваат на руски пазар, исто и околу 2,4 милиони шишиња вино чија тенденција била годинава извозот да порасне. Виси пласманот на дел од македонскиот ајвар, јаболка, праски, нектарини, рана зелка, лекови. Во хаос се и компаниите од металната индустрија чии набавки од тој пазар се стопирани, а неизвесна е и набавката и цените на енергенсите.

Реагираат транспортерите- велат трпат финансиски загуби. 20-до 30 повратни туери за и од Украина и Русија пропаѓаат. Велат нема ниту возачи кои би ризикувале да возат натаму.

Покрај директните штети од Руско-Украинскиот конфликт врз компаниите, штети ќе има и домашната економија. Глобалните случувања како раст на цените, како на струјата , нафтата, гасот, храната индиректно ќе се прелеат и кај нас. И светските и домашните аналитичари се децидни дека глобалната економија ќе доживее голема криза, ќе расте инфлацијата, а можна е и рецесија. Според познавачите најголемиот цех од ова нова криза ќе го почувствуваат граѓаните. Ќе расте инфлацијата – трошоците за живот – а ќе паѓа нивниот стандард.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битиќи, Тренчевска и Костадинов поднесоа оставки по убедливиот изборен пораз на СДСМ

Дејан Дејан

Како СДСМ за првпат станува трета политичка сила во македонскиот парламент, распоред на силите во новиот парламентарен состав

Дејан Дејан

Западните сили ризикуваат глобален судир, никому нема да дозволиме да ни се заканува – Путин на 79-годишнината од победата над фашизмот   

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе