Вести Свет

Светата столица смета дека преговорите за Украина се сè уште можни

Светата столица денеска соопшти дека сè уште се можни преговори за да се најде мирно решение за руско-украинската криза, неколку часа по нападот на руската армија врз Украина.

Трагичните сценарија од кои се плашеше целиот свет стануваат, за жал, реалност. Но, има уште време за добра волја, има уште простор за преговори. Сè уште има простор да надвладее разумот, кој ги штити легитимните аспирации на сите и го штити светот од лудилото и ужасите на војната, изјави Пјетро Паролин, државен секретар на Светата столица.

Светиот отец вчера изрази жалење за „сценаријата што се сè позагрижувачки“ и ѝ се закануваат на Украина и на „мирот на сите“.

Чувствувам голема болка во срцето поради влошената ситуација во Украина. И покрај дипломатските напори во последните недели, се појавуваат сценарија кои се позагрижувачки. Како мене, многумина во светот чувствуваат вознемиреност и загриженост, рече папата Франциск на крајот на редовната општа аудиенција во среда.

„Ги повикувам сите страни да се воздржат од потези кои можат да предизвикаат нови човечки страдања, да го дестабилизираат соживотот на народите и да го дискредитираат меѓународното право“, додаде тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Пресудата за Груевски е резултат на измените на КЗ што ги донесоа СДСМ и ДУИ поради кои имаше многу политички амнестии, а многу и ќе следат, рече Мицкоски

Sonja Petrusevska

УНЕСКО: Охридскиот Регион – културно наследство во опасност

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе