Вести Свет

Курти: Рускиот напад врз Украина е најголемата воена агресија од Втората светска војна

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека тоа што се случува во Украина претставува најголема воена агресија од завршувањето на Втората светска војна.

На денешната конференција организирана од Групата за правни и политички студии (ГЛПС), Курти рече дека Косово е ориентирано кон ЕУ и НАТО, како и кон САД и Обединетото Кралство, во поддршка на народот на Украина.

Денеска е тажен ден за Европа. Во овие моменти во Украина се случува руска инвазија, која претставува најголема воена агресија од завршувањето на Втората светска војна. Ние се солидаризираме со народот на Украина и сме ориентирани кон ЕУ и НАТО, како и кон САД и Обединетото Кралство, во поддршка на државниот суверенитет, територијалниот интегритет, независноста на државата и правото на самоопределување на народот на Украина, рече Курти.

Тој информира дека синоќа свикал седница на Советот за национална безбедност, на која е разгледана ситуацијата во врска со руската агресија врз Украина.

Синоќа одржавме седница на Советот за безбедност, на која расправавме за актуелната ситуација и за мерките кои треба да ги преземеме со цел нашата евроатлантска ориентација да биде на највисоко можно ниво, изјави Курти.

На конференцијата на ГЛПС учествуваше и шефот на канцеларијата на ЕУ во Приштина, Томаш Шиниог, кој рече дека Унијата ги осудува руските напади во Украина.

Ова е проблем на безбедноста во Европа и е тажен ден за европската безбедност. ЕУ ги осудува овие напади од страна на Русија во Украина, рече Шиниог.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пресудата за Груевски е резултат на измените на КЗ што ги донесоа СДСМ и ДУИ поради кои имаше многу политички амнестии, а многу и ќе следат, рече Мицкоски

Sonja Petrusevska

УНЕСКО: Охридскиот Регион – културно наследство во опасност

Kristina Kuzmanovski

Мицкоски не е оптимист дека ќе има договор за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе