Вести Свет Топ вести

Првите бегалци пристигнаа во Полска, УНХЦР повикува да се отворат границите

Почнува бранот бегалци од Украина. Првите веќе пристигнаа во Полска, а полските  власти утрово соопштија дека отвораат осум центри за прием на бегалци во два региони што се граничат со Украина. Бегалците на овие места ќе добијат храна, медицинска помош и информации. Молдавските интернет медиуми наведуваат дека десетици автомобили чекаат во колони на границата меѓу Украина и Молдавија, која потврди дека е подготвена да прими десетици илјади бегалци.

Агенцијата за бегалци при ОН денеска соопшти дека ситуацијата во Украина забрзано се влошува и ги повика соседните земји да ги отворат границите.

И другите европски земји забрзано се подготвуваат за приливот, откако почна рускиот напад. Словачка најави дека ќе испрати 1.500 лица на границата со Украина, кои би им помогнале на бегалците. Воедно, се подготвени и за зголемување на бројот на гранични премини во случај на наплив на бегалци.  Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер најави дека Германија ќе им понуди поддршка на земјите во источна Европа, особено на Полска. Германските медиуми наведуваат проценки дека меѓу 200.000 и милион луѓе може да побегнат во Европската унија од Украина во случај на војна.

Истовремено, во Романија која има 600 километри граница со Украина, се планираат мобилни кампови. Подготвени се да примат дури половина милион потенцијални бегалци иако не очекуваат голем прилив кај нив.

Унгарија премести неодреден број војници на источната граница со Украина.Министерот за одбрана Тибор Бенко рече дека треба да бидат подготвени да спречат вооружени групи да ја преминат границата долга околу 140 километри, но и да бидат во позиција да се справат со бегалските текови, вклучително и со обезбедување на хуманитарна помош. Унгарија претходно соопшти дека може да се грижи за илјадници можни бегалци од Украина.

Поддршка најавија и Чешка и Финска. За ова се разговарало и во  хрватскиот Парламент и ставот на мнозинството е крајно отворен за можноста да се примат повеќе бегалци од оваа земја.
Хрватите сметаат дека, првичната проценка за еден милион бегалци е веќе застарена и дека сега е можно да се очекуваат околу пет милиони. Оваа проценка ја дадоа и од Обединетите нации.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Пресудата за Груевски е резултат на измените на КЗ што ги донесоа СДСМ и ДУИ поради кои имаше многу политички амнестии, а многу и ќе следат, рече Мицкоски

Sonja Petrusevska

УНЕСКО: Охридскиот Регион – културно наследство во опасност

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе