Вести Свет Топ вести

Песков: Москва подготвена за преговори со Зеленски ако Украина се предаде

Москва е подготвена за преговори за предавање на Украина, соопшти вечерва Дмитриј Песков портпарол на рускиот претседател.

Како што наведе, претседателот Владимир Путин е подготвен за преговори со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со фокус на „гаранциите за неутрален статус“ и „ветувањето дека нема да има оружје на територијата на Украина“.

Тоа се условите, рече Песков, кои ќе овозможат постигнување на „демилитаризација и денацификација на Украина“ и ќе го елиминираат она што Русија во моментов го смета за „закана за безбедноста на руската држава и народ“.

„Претседателот ја формулираше својата визија за тоа што би очекувале од Украина за да ги решиме горливите проблеми. Тоа е неутрален статус и одбивање да се инсталираат и користат системи за оружје“, рече Песков.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Малолетни сведоци: Видовме полицајци во „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Украина погоди 116 руски бродови за девет дена, соборија и руски хеликоптер Ми-28

Kristina Kuzmanovski

Пресудата за Груевски е резултат на измените на КЗ што ги донесоа СДСМ и ДУИ поради кои имаше многу политички амнестии, а многу и ќе следат, рече Мицкоски

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе