Вести Македонија Топ вести

Граѓаните се шегуваат со кампањата за минималецот, СДСМ предвидоа и заштеда од илјада денари?!

„Хаос на границата, се враќаат работници од Германија за 18 илјади денари плата.“ „Германија на апарати, работниците се враќаат во Македонија за скромен живот.“ „Ми се јавија роднините од Германија да им пуштам 200 евра да поминат до први…“

Откако шивач, повратник од Германија, при посетата на премиерот, Димитар Ковачевски, на фабриката во која работи, го пофали зголемувањето на минималната плата, не престануваат саркастичните коментари на социјалните мрежи. Најголемата „бура“ се крена околу делот во кој вели дека, ни Германија не е веќе тоа што била, а дека нему ќе му биде подобро тука со 18 илјади денари, отколку во туѓина со повеќе пари.

Зборовите на повратникот од Германија владината служба за информирање ги сподели преку посебно видео на ју тјуб. Но, специјалистите за односи со јавност, велат дека целта е промашена.

За добра кампања за враќање на младите кои се иселија, Кордалов смета дека, треба да се направи широка платформа, да се обединат многу фактори и да се промовираат во прв план професиите на иднината. Тоа се  информатичкиот сектор и сродните индустрии, каде просечна плата е 74 илјади денари, а не минималната од 18 илјади.

Но, Социјалдемократите и утрово продолжија со промовирање на минималецот, овојпат со споредба со синдикалната кошница.Во соопштение се пофалија дека, во декември 2021 синдикалната кошница изнесувала 35 илјади и 42 денари. Со новото покачување на минималната плата, две минимални плати се доволни да се наполни кошничката, а остануваат и нешто помалку од илјада денари.

И ова граѓаните го дочекаа саркастично:

Што заклучивме? Плата од 300 евра е доволна, ако имаш и некој денар од Германија.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе