Вести Македонија Топ вести

Уапсен најмладиот бегалец-припадник на нарко-групата од Грчец, со меѓународна потерница е најден во Сарај

21-годишниот Егзон Зендели веќе е симнат од секцијата „Потраги“ на сајтот на МВР веднаш по апсењето. Тој е еден од 6-мината водачи на нарко-групата од Грчец кој пред акцијата „Планина“ на организиран криминал успеа да избега пред полициската акција и да се најде на меѓународна потерница.

Деенеска бил уапсен во угостителски објект во Сарај каде бил пронајден од припадници на Интервентната полиција. Се обидел да избега кога забелажал полицајци во негова близина но не успеал да го повтори бегството како за време на акцијата „Планина“.

Од МВР соопштија:

Денеска (09.02.2022) околу 16 часот во Сарај од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје приведен е Е.З. (21) од с. Грчец, скопско, кој се барал со меѓународна потерница од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради истрага за ОА „Планина“ по член 215. Лицето ќе биде предадено на надлежното обвинителство.

Кога беше изведена акцијата „Планина“, обвинителката за гонење организиран криминал и корупција изрази сомнеж дека водачите на групата имале доушници во полициско-обвинителски редови порадишто избегале и однапред знаеле дека се подготвува акција за нивно апсење.

Оттогаш не беше соопштено дали се потврдени сомнежите и дали се откриени полициските кртови на групата од Грчец. Во бегство беа 6-мина водачи на групата, додека останатите беа поситни „риби“ во хиерархијата на кланот од скопското село. Двајца од бегалците веќе се пронајдени и уапсени. По остантите 4-ца се уште се активни меѓународни потерници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски: На автопатот Охрид-Кичево целосно завршени две галерии, на третата интензивно се работи

Дејан Дејан

(вознемирувачко видео)Во обид за бeгство уапсена Македонка која прегази куче во Црна Гора – таа кривично ќе одговара пред тамошното обвинителство

Дејан Дејан

Пожари беснеат во Франција и Шпанија, пожарникарите немоќни – бројот на евакуирани надмина 220.000

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе