Вести Свет Топ вести

Заврши дипломатската офанзива на Макрон

Дипломатската офанзива на францускиот претседател Макрон заврши. Од рускиот претседател Путин доби уверување дека руските сили нема да ја засилат кризата во близина на границите на Украина, а украинскиот Зеленски покажа „ладна глава“. Макрон рече дека сега постои шанса да се „натераат овие преговори да се движат напред“ меѓу Русија и Украина и дека може да види „конкретни решенија“ за намалување на тензиите. Сепак, трајна деескалација може да се очекува во наредните недели и месеци. Тој исто така рече дека постои „заедничка определба“ за спроведување на договорот од Минск. Секое решение за кризата може да потрае со месеци, рече тој, но повтори дека Путин му рекол дека нема да стои зад каква било ескалација.

  • Наша цел е во наредните недели и месеци да дојде до стабилизирање на ситуацијата, преку нови механизми на гаранции да дојдеме до трајна деескалација. Во тој контекст, ладнокрвноста која ја покажавте, воздржаноста која ја покажаа сите страни, на збор и на дело, се суштински, реле Емануел Макрон, претседател на Франција.

Украина постапува трпеливо за да спречи можна ескалација од руска страна. „Нашето трпение позитивно влијание врз другата страна“, рече украинскиот лидер. Зеленски рече дека намерите на Русија ќе бидат тестирани во конкретните дејствија во следните денови и во разговорите во Берлин во таканаречениот нордиски формат, меѓу советниците на претседателите на Франција, Германија, Русија и Украина.

  • Многу позитивно гледаме на состанокот на советниците кој ќе се одржи наредните денови. Верувам дека после овој состанок постои можност, ако се е искрено, да се одржи состанокот на лидерите (нордискиот формат) и ќе можат да ја покажат својата искреност и карактер, рече Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Москва стационираше повеќе од 100.000 војници во близина на границите на Украина, но децидна е дека нема планови за напад. А американскиот претседател, Џо Бајден, по разговорите со германскиот канцелчар Шолц се закани дека неговата држава е подготвена да го блокира и гасоводот Северен Поток 2, кој се гради под Балтичкото море, со цел да го удвои извозот на рускиот природен гас во Германија.

Европската унија не верува дека Русија може целосно да ја прекине испораката на гас, но не ја исклучува можноста за нивно намалување доколку бидат воведени санкции кон Москва.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поништен е тендерот за прскање против комарци во Скопје, прескокнат е терминот за прскање за ларви, а комарците веќе се намножија

Дејан Дејан

Неоправдано и без основа е зголемувањето на цените на автомобилското осигурување, одлучи АСО

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе