Македонија Топ вести

СДСМ не ја поддржува декларацијата за Гоце Делчев

СДСМ побара од ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече Декларацијата за Гоце Делчев која според нив е една од политичките и популистички игри на опозицијата кои одат на штета на ликот и делото на македонскиот револуционер.

Координаторот на пратеничка група Jован Митрески вели дека тие нема да учествуваат во дневно политичкиот театар кој може да им наштети на евроинтегративните процеси.

-Партијата која постојано е против нашите евроинтеграции, во нивниот познат манир, по стоти пат ја промашија темата. Бранат нешто што не е нападнато, и со тоа си ја покажуваат сопствената несигурност и аматеризам. Вакво политичко понижување на делото на Делчев и штета на грбот на националниот интерес прави да нема разлика помеѓу Христијан Мицкоски и некој други бугарски политичари кои имаат за една цел градење на политички кариери преку одржување на спорот помеѓу двете држави. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да се засрамат и да ја повлечат нивната таканаречена Декларација, изјави Јован Митрески од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ не отстапува и бара поддршка од другите политички партии.

-Само со единство, достојно почитување, прославување и одбележување на дострелите на нашите предци во минатото, можеме дополнително да ги зајакнеме демократските темели на државата и на општеството. Ја користам оваа прилика да ги повикам СДСМ и останатите политички партии во македонското Собрание да се изјаснат со официјален став по повод оваа значајна Декларација и да покажат дека ликот и делото на Гоце Делчев како учител, народен трибун и револуционер за соработка, за толеранција и за соживот и тоа како заслужува да се донесе одна ваква декларација токму во законодавниот дом со што сите заедно ќе ја покажеме нашата почит кон оваа централна личност од македонската историја, рече пратеничката Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Партиите на Албанците немаат став за Декларацијата со образложение дека се уште не се запознати со нејзината содржина.

Покрај во Собранието, таа ќе биде доставена и до Владата, Институтот за национална историја, МАНУ и Музејот на револуционерната борба.

Со неа се предлага да се организираат соодветни настани, проекти, да се промовира поштенска марка со која ќе се одбележи јубилејот од 150 години а во основните училишта учениците да се информираат за оваа личност од македонската историја.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вреди и ВМРО-ДПМНЕ согласни за заедничка влада по изборите

Дејан Дејан

Павле Трајанов резибран за лидер на Демократски сојуз на 7-от Конгрес на партијата

Дејан Дејан

Бојмацалиев: Политичките партии да намалат со националистичка реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе