Вести Македонија Топ вести

Во какво училиште ќе учи девојчето Амбла ќе одлучува Комисија за категоризација

Општина Гостивар ќе постапи според одлуката на Комисијата за категоризација, од која било побарано уште еднаш да направи анализа за состојбата на Амбла, со што ќе биде одлучено дали таа ќе учи во редовна или паралелка за посебни образовни потреби. Ова го изјави градоначалникот Арбен Таравари по средбата со родителите кои потпишале петиција за Амбла да биде одвоена од класот.

Тој истакна оваа одлука произлегла откако разговарал и со повеќе стручни лица кои работеле со девојчето, односно дефектолог, психолог, како и со нејзината учителка од прво одделение, пред родителите да побараат инклузија.

Случајот со четвртоодделенката Амбла, започнал уште во декември минатата година, кога родителите на нејзините сооченици потпишале петиција дека девојчето наводно било агресивно.

За овој случај предмет отворија од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, а да се испита порабаа и од Хелсиншкиот комитет за човекови права и Народниот правобранител.

Денес, пак, претседателот Стево Пендаровски, го посети семејството на Амбла, при што ги охрабри и поддржа родителите во нивната борба за заштита на правата на децата со атипичен развој.

 

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе