Вести Македонија

Полицаецот Реџепи го спаси 64-годишниот давеник од Вардар

Полицаецот Фљамур Реџепи од Сарај е спасувачот на 64-годишен скопјанец. Тој  вчера од вливот на Лепенец во Вардар успеа да го извлече давеникот од студените речни води.

Полицаецот Реџепи бил дел од патрола која била во близина кога скопјанецот паднал во реката и веднаш по првите апели за помош скокнал во Вардар за да го спаси. Откако полицајците го спасиле, давеникот е префрлен со Итна помош.

МВР вчера соопшти како се одвивала спасувачката акција.

-На 05.02.2022 во 12.45 часот по добиена пријава во СВР Скопје дека на вливот на реката Лепенец во реката Вардар има машко лице во водата, веднаш се преземени мерки и активности и лицето е извадено (спасено) од водата од страна на полициски службеници од ПСОН Карпош. Подоцна е утврдено дека станува збор за 64-годишен маж од Скопје, кој претходно самиот се фрлил во реката, а инаку е пациент на болницата во Бардовци. Од страна на Итната медицинска помош тој е пренесен во ГОБ „8-ми септември“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе