Вести Ковид19 Македонија

Петличковски: Ако Англија ги тргне маските, не треба да значи дека и ние веднаш ќе го направиме истото

Министерот за здравство, Беким Сали денеска официјално на прес-конференција го претстави новиот состав на Комисијата за заразни болести, на чие чело застанува проф.д-р. Александар Петличковски, а за лице кое ќе биде задолжено за комуникација со новинарите е назначен д-р Злате Мехмедовиќ.

Новоименуваниот претседател, д-р Петличковски порача дека целта на Комисијата ќе биде артикулирање на научните податоци и нивно имплементирање во нашата средина.

– Нема да работиме на принцип „во Англија ги фрлиле маските, тоа ќе го направием и ние. Нема толку еднострано да ги прифаќаме работите, ќе ги следиме сите научни сознанија по што ќе произлегуваат низа препораки. Од сите дискусии ќе произлегуваат препораките, а ние се обврзуваме да ги пласираме најновите сознанија, рече д-р Петличковски.

 

Петликовски додаде дека на првиот состанок на комисијата за заразни болести во новиот состав разговарано било за некои од најактуелните состојби со пандемијата во земјава меѓу кои почетокот на второто полугодие и најавениот скрининг на учениците, сертификатите за вакцинација и планот за работа на комисијата за заразни болести во наредниот период.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, проф.д-р. Петличковски засега не се размислува за воведување на нови мерки и рестрикици, а во однос на скринингот на учениците ќе бидат опфатени 10.000 до 20.000 основците и средношколци по случаен избор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Мицкоски задоволен од средбата со Мерц на вториот ден од Самиот ЕУ–Западен Балкан

Tea Dimkovska

Пријателска средба со францускиот претседател – напиша Мицкоски и објави слика со Макрон

Дејан Дејан

Рокас: Уставните измени се клучни за напредок кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе