Вести Ковид19 Македонија Најважни

ИЈЗ: За 38% зголемена смртноста од ковид, секој трет позитивен

Секој трет тестиран во државата бил позитивен на корона вирусот, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.Минатата недела се пријавени 11 916 нови случаи, од кои 1 558 реинфекции, како и 148 смртни случаи во 26 града, што е за 38,3 отсто повеќе во споредба со претходните седум дена.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи над 60 години (22,1%) и од 30 до 39 години (22,1%). Најмал број има кај децата до девет години. Се забележува намалување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи, а најмногу кај лицата од 10 до години (11,0%). Раст има кај возрасните групи од 50-59 со 3,3% и над 60 години со 25,3%, стои во извештајот на Институот за јавно здравје.

 Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје , а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци, каде што вчера доцна попладнето заседаваше и општинскиот кризен штаб. Над 1.100 жители на Тиквешијата се заразени со разлилни соеви на коронавирусот, а бројките на новозараезени алрмантно се зголемуваат. Апелот е навреме да се јават кај матичните лекари,а полицијата и пожарникарите да продолжат со обиколките во кригот на болницата.

Во штипскиот регион бројот на активни случаи не е висок, но последните три до четири дена според анализите на Центарот за јавно здравје секој втор од тестираните е позитивен. Најголем дел од заразените се на возраст од над 60 години, загрижувачки е што 89,2 % од починатите минатата недела во земјава се токму од оваа популација.  Во болниците за 22 % е зголемен бројот на хоспитализации и во моментов се на лекување 671 лице, а над половината се на кисолородна поддршка. Во земјава се уште над 50 % од популацијата не е целосно имунизирана, опфатот со две дози е 40,7 %.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се стега обрачот околу игрите на среќа

Tea Dimkovska

„Ако 13 години не сме примиле нови членки, пропустите лежат и на страната на Европската Унија“ рече Мерц и најави промена на процесот на проширувањето

Tea Dimkovska

Пленковиќ откри што бара Хрватска од црногорските власти да исполнат пред да станат членки на Унијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе