Филмови

МИСИЈА – петок, 04 февруари 2022 – 22.15

Јужна Америка, 18 век. Двете големи колонијални сили, Шпанија и Португалија, се натпреваруваат за превласт над домородците. Нивната империјалистичка природа ја гледа можноста за трговија со робови и природните ресурси на домородците, а од друга страна језуитските мисионери сакаат да ја воспостават својата религија и култура. Мендоза (Р. Де Ниро) ја носи идејата за освојувач, а кога заради својата сакана сопруга го убива својот помлад брат Фелипе, оди на мисија каде што е примен од неговиот татко Габриел (Џ. Ајронс) за да се искупи за неговите гревови и стореното злосторство. Со текот на времето, Мендоза ја сфаќа убавината на начин на живот на домородците, ги прифаќа и набрзо станува борец за нивните права. Мисионерите сонуваат за општество во кое покрстените домородци ќе живеат во хармонија со Шпанците и Португалците, но колонијалните водачи ја сметаат оваа можност опасна и се залагаат за нивно потчинување и сакаат да ја уништат мисијата…

Филмот беше номиниран за Оскар за режија, монтажа, музика, костимографија и камера, а престижната награда му припадна на директорот на фотографија Крис Менгес; филмот, исто така, освои неколку Златни глобуси, БАФТА, Златна палма во Кан, како и многу други награди.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФИЛМОТЕКА НА ТЕЛМА 14-16 МАРТ 2025

Дејан Дејан

ТРКА СO ЃАВОЛОT – недела, 30 јуни 2024 – 22:15

Дејан Дејан

ДОБРИОТ СОСЕД – недела, 16 март 2025 – 22:15

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе