Вести Македонија Најважни

Договорено е македонските Бугари да се дел од Уставот, заеднички ќе се чествува и раѓањето на Делчев

Македонија и Бугарија на 4 февруари подготвуваат заедничко чествување на Гоце Делчев по повод 150-годишнината од неговото раѓање. Ова го најави бугарскиот премиер Кирил Петков пред пратениците кој одговараше на прашања, посебно од партијата ГЕРБ за тоа што точно е договорено на средбите со македонскиот премиер Ковачевски.

Петков е задоволен од чекорите кои ги презема Ковачевски со оглед на тоа што е кратко време на премиерската функција. Од осум дена премиер, четири дена поминал со бугарската Влада и изразил желба да дека сака да има резултати, вели Петков што е знак за добра волја, посебно што неговиот македонски колега направил исчекор за правата на Бугарите во Македонија.

За првпат по многу долго време во разговорите премиерот Ковачевски кажа дека тој не гледа проблем со ставањето на Бугарите од С.Македонија во нивниот Устав. Не кажа време, не се обврза со датум, но тој тоа за првпат го кажа. Другото нешто за кое се радувам да го соопштам е дека веќе не се работи на 5+1, туку за две недели подоцна треба да ја смениме цифрата со 4+1. Тоа само по себе е напредок, ние работиме две недели, изјави Кирил Петков, премиер на Бугарија.

Петков вели дека досега иако се потпишувале секакви декларации, сепак до сега двете земји немале реални резултати, а она што сега ќе се случува се честите средби на двете влади, но и на историската комисија. На средбата со македонските министри беа потпишани три меморандуми, во многу клучни области, меѓу кои и Коридорот 8, кој беше тргнат од листата на европски проекти. Прва која му порача да го смири ентузијазмот беше поранешната министерка за надворешни, Еатерина Захариева.

Намалете го малку ентузијазмот. Ќе ги зголемите очекувањата па после ќе треба да ни се објаснувате на сите. Знаете ли колку меморандуми потпишавме што сега вие ги потпишавте со нив? Над 20, а за коридорот 8, сигурно ова е третиот, само тоа ќе ви го кажам. Прашањето ми е за заедничката историја, тоа е многу тешка тема и најлесно би можела да се продолжи со одбивање и страв од другата страна да види дека не е ништо страшно да имаме заедничка историја, која може да биде позитивна со заеднички чествувања, рече Екатерина Захариева, пратеник на ГЕРБ.

Петков е согласен дека се се сведува само на подготовки, и ништо не е завршено, затоа како што рече честите меѓувладини средби ќе помогнат да се согледа што релано се исполнува. Во однос на говорот на омраза, Петков смета дека тоа се вредности кои ЕУ не ги толерира, и не може да се говори само за Македонија, туку истото треба да се почитува и контролира и во актуелните земји челнки на унијата.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Димитриеска Кочоска: Линеарното покачување на пензиите не е собирање гласови

Дејан Дејан

Со само еден глас против, Села оди во коалиција со Ахмети

Дејан Дејан

Махмуд Абас со декрет најави формирање на нова палестинска влада- врвен приоритет ставање крај на војната во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе