Испуштање пообилни количини вода од Мавровското езеро, Козјак и од хидроелектраните Матка 1 и 2, за производство електрочна енергија, но и изградбата на мостот „ Генерал Михајло Апостолски“, во Аеродром, за чии потреби компанијата „ Гранит“, имаше преградено дел од коритото на Вардар, ноќеска предизвика излевање на реката и заезерување на самата граница на максималната кота на кејот.
Надлежните кои дојдоа и направија увид на местото , денеска смируваат дека нема опасност за граѓаните од околните згради , освен за шетачите или велосипедистите на таа страна од кејот, во случај на обилни врнеши од дожд или топење снегови. Ситуацијата се следи , а за да не дојде до ново излевање, во игра се и три сценарија од ЦУК.
- Првото и наједноставно е како ЦУК ќе побараме од Електрани на Северна Македонија да ја запрат водата која што истекува од Мавровското езеро кон реката Вардар. Може да се направи канал или пробивање низ самиот насип кој што ја попречува водата и ќе дојде до истекување на водата. Третото сценарио е доколку имаме силни врнежи од дожд или нагло топење на поголеми количини на снег, компанијата целосно да го отстрани овој насип кој што го попречува речното корито. Но, за тоа ќе биде потребно повеќе од еден ден, додека 30 минути се доволни за да се направи канал низ овој насип , за да може водата да истече- Стојанче Ангелов- директор на Центар за управување со кризи.
- Од нашата страна како Град Скопје беше алармирано кај инвеститорот да пушти тимови, екипи, кои што заедно со екипи од Град Скопје ќе бидат дежурни на насипот, како би се следела состојбата и би се видело , дали има потреба од отстранување на насипот- Данела Арсовска – градоначалничка на Град Скопје.
