Вести Македонија Топ вести

Ковачевски и Петков утре на средба во Скопје – без временска рамка за решавање на спорот

Без временска рамка за решавање на спорот меѓу двете земји, македонскиот и бугарскиот премиер утре ќе седнат на маса да ги дефинираат насоките и форматот на разговорите кои треба да ги одмрзнат односите меѓу двете земји и да го откочат европскиот пат на Македонија. Во пресрет на средбата на Димитар Ковачевски и Кирил Петков, утре во Скопје, оптимистички изјави и очекувања стигнаа и од двете страни, како и најава за темите кои ќе се стават на маса.

„Доминатно утре ќе разговараме на воспоставување на разговори на теми коишто се од областа на економија, од областа на инфраструктурата , од областа на образованието, образовната соработка, иновациите, поддршката во евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија. Јас сум оптимист, меѓутоа сум рационален оптимист, што значи дека верувам во решение, но работам тоа решение да се оствари“, изјави Ковачевски.

Бугарскиот премиер пак Петков утрово честитајќи му на Ковачевски за изборот очекува двете влади да соработуваат за да може тоа да донесе сериозни придобивки за двете земји, но и за регион.

„Очекувам да работиме заедно на нов конструктивен дијалог и разбирање во интерес на нашите билатерални односи, чиј развој е од голема полза за граѓаните на Бугарија и Република Северна Македонија“, напиша Петков на Фејсбук.

Но, и двајцата премиери во пораките кои ги испратија пред средбата речиси видливо избегнуваат отворено да ги споменат темите кои се камен на сопнување, а за кои Бугарија и врачи на Македонија пет плус едно барање без чие исполнување нема да даде зелено светло за страт на преговорите со Европската унија.

Она што јасно и двете страни го исцртаа пред средбата на двајцата премиери се црвените линии од кои нема да одстапат, за македонската влада тоа се идентитетските прашања, додека за бугарската тоа е рамковна позиција и декларацијата на бугарското собрание.

Но ако некои теми пред посетата се премолчуваат, темата за која со сигурнсот нема да се разговара е прашањето на македонското малинцство во Бугарија, за кое Петков на два дена пред посетата рече дека не постои, а кое за македонската влада е затворно прашање.

„И досега имавме пракса на немешање во внатрешните прашања на било која наша соседна држава. Тоа ни е обврска и од Уставот. Така што не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство имаво регионот“, рече Маричиќ.

На утрешната македонска-бугарска средба на Илинденска б.б. ќе се официјализира и формирањето на работните групи кои ги бара Бугарија за придвижување на односите, меѓу кои и работна група за историски прашања, што денеска освен македонскиот премиерот го потврди новиот вицепремиер за европски прашања.

„Сето она што е до сега направено, досегашните напори ќе бидат вградени и во наредната рамка. Секако, бидејќи би се формирале повеќе комисии, ќе има и повеќе луѓе вклучени во процесот и повеќе институции и повеќе фактори или актери. Но не мислам дека во делот на историската комисија, иако се уште не сме договориле, јас претпоставувам дека таа комисија ќе остане и ќе продолжи да функционира, во која форма, ќе видиме“, информираше Маричиќ.

Освен за работните групи двете страни се согласни и околу временската рамка за надминување на спорот, а тоа е дека нема временска рамка. Откако Петков вчера изјави дека никогаше не кажал дека рок за решавање на спорот е шест месеци, денеска и од новата македонска влада стигна порака, дека не е корисно да се лицитира и да се даваат рокови за решение на спорот, но со дополнување дека тоа треба што поскоро да се случи.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца хоспитализирани, еден опериран – над 30 повредени од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Утврдено зголемено ниво на арсен во водата за пиење во Валандово – граѓаните да не ја користат за пиење

Sasko Dimovski

Подолго време е потребна претпазливост во Гостивар, не знаеме што сè има во фекалното загадување, советуваат инфектолозите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе