Вести Македонија Топ вести

Владата на Ковачевски ќе ја одржи првата седница

Владата предводена од новиот премиер Димитар Ковачевски денеска ќе ја одржи првата седница, со почеток во 14 часот. Новиот состав на Владата беше изгласан синоќа пред полноќ во Собранието. Владата има 21 член, еден повеќе од претходниот состав. Претседателот на Владата Ковачевски ќе има четворица заменици, Артан Груби – прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славица Грковска – вицепремиер за борба против коруција и криминал, Бојан Маричиќ – вицепремиер за европски прашања и Фатмир Битиќи – вицепремиерот за економски прашања.

Оливер Спасовски е избран за министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска – за одбрана, Никола Тупанчевски – за правда, Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, Љупчо Николовски – за земјоделство, шумарство и водостопанство,  Јована Тренчевска  – за труд и социјална политика, Бисера Костадиновска-Стојчевска – за култура, Горан Милевски  – министер за локална самоуправа,  Беким Сали –  за здравство, Јетон Шаќири – за образование и наука,  Бујар Османи – за надворешни работи, Фатмир Бесими  – министер за финансии, Крешник Бектеши – за економија, Насер Нуредини – за животна средина, Адмирим Алити – за информатичко општество и администрација и Џемаил Чупи  – министер без ресор задолжен за дијаспората.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе