Вести Свет

Бериша во обид да го заземе партиското седиште во Тирана, полицијата смируваше со солзавец

Солзавец и водени топови употреби полицијата во Тирана да ги смири двете спротиставени страни во опозициската Демократска партија. Протестот, кој беше најавен за мирен, го организираше поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша. Тој заедно со своето крило поддржувачи се насочија кон партиската зграда. Се обидоа насилно да влезат во објектот, но беа спречени од полицијата. Се кршеа прозорци и врати, предизвикаа сериозна материјална штета, има повредени и приведени демонстранти. Полицијата мораше да ја опколи зградата со жолта лента, и соопштија дека зоната се смета за криминално сценарио.  Бериша, кој е поддржан и од актуелни пратеници – демократи, најави уште помасовни протести, а го обвини и актуелниот премиер Еди Рама, кој како што кажа се обидува да го спаси актуелниот лидер на партијата Љуљзим Баша.

Расколот во опозициската партија почна откако Баша го исклучи Бериша од пратеничката група, а потоа и од сите партиски структури, по барање на американската амбасадорка, поради прогласувањето за персона нон грата од страна на САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Падна Владата на Украина, премиерката Свириденко поднесе оставка

Kristina Kuzmanovski

Граѓани го гаснат огнот што се доближува до црквата во Бајково – се чека помош од ер тракторите

Sonja Petrusevska

Уапсен Македонец кој лажно се претставувал како лекар во Хрватска и измамил шест лица за 41.000 евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе