Вести Македонија Најважни

Во дојранско казино се вршеле ковид-тестирања без дозвола од МЗ, издадени забрани за вршење здравствена дејност во казино Кинг и за лабораторијата Елимедика плус

Откако на 6-ти јануари Државниот здравствен санитарен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор утврдиле дека во казино во Дојран наспроти прописите за здравствена заштита, лабораторија врши ковид тестирање.

Според информациите на Телма, станува збор за казиното ДТУ Кинг Еуропе, автомат клуб Подружница Стар Дојран и за ПЗУ Елимедика плус- Гевгелија. Вонредниот надзор е извршен поради добиени информации дека во посочениот правен субјект во Стар Дојран се вршат корона тестирања.

При надзорот во казиното Кинг во Дојран е констатирано дека постои „импровизиран пункт“ лоциран на првиот спрат во административниот дел, а на таа просторија имало ознака „Covid test“. Во моментот на надзорот во просторијата затекнати биле три медицински лица во комплетна лична заштитна опрема. Во евиденцијата за тој ден биле евидентирани 7 тестирани лица.

При надзорот во ПЗУ Елимедика плус, прегледана е медицинската документација согласно законите кои се во надлежност на ДСЗИ.

По завршување на надзорите ДСЗИ донел две решенија за забрана.

За казиното ДТУ Кинг Еуропе е донесено решение за забрана за вршење на здравствена дејност спротивно на прописите за здравтсвена заштита и забрана за употреба на објект (простор) без претходна согласност или одобрение од Министерството за здравство.

Иста забрана е донесена и за лабораторија ПЗУ Елимедика плус од Гевгелија што значи дека тие не смееле и не смеат да вршат ковид тестирања во рамки на казино за кое не постои одобрение за вршење на здравствена дејност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стотици заложници, најмногу жени и деца, беа спасени од милитантите на Боко Харам во Нигерија

Дејан Дејан

Судијата на претходна постапка верува во доказите на обвинителот – 30 дена притвор за врховниот судија Наќе Геогриев

Дејан Дејан

Израел срамни со земја бегалски камп во Газа, петмина загинати во нападите во Рафа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе