Вести Свет

Северна Кореја лансираше балистичка ракета во морето

Северна Кореја истрела нешто што изгледаше како балистичка ракета во морето, при првото такво лансирање од Пјонгјанг оваа година.

Војската на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја истрелала „можна балистичка ракета“ кон морето источно од полуостровот околу 23:10 часот по Гринич (08:10 часот).

По итен состанок, советот за национална безбедност на Јужна Кореја „изрази загриженост поради лансирањето“, се вели во соопштението на кабинетот на претседателот.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида го опиша како „можно лансирање на балистичка ракета“.

„Досега нема извештаи за штета на јапонски авиони и бродови“, изјави за новинарите високиот јапонски владин портпарол Хироказу Мацуно.

„Продолжуваме со анализата, но сметаме дека раектата патувала околу 500 километри и паднала надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија“.

Во деценијата откако Ким Џонг-ун ја презеде власта, Северна Кореја забележа брз напредок во својата воена технологија по цена на меѓународните санкции.

Првото лансирање на оружје на нацијата со нуклеарно оружје во 2022 година следеше по една година на големи тестови на оружје и покрај тешките економски тешкотии за време на пандемијата на коронавирус.

Лансирањето следеше по говорот на Ким минатата недела во кој тој рече дека Северна Кореја ќе продолжи да ги зајакнува своите воени капацитети.

Во 2021 година, Северна Кореја соопшти дека успешно тестирала нов тип на балистичка ракета лансирана од подморница, крстаречка ракета со долг дострел како и оружје лансирано од воз.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Измените во КЗ го ослободија Груевски од „Талир 2“ – одбиена конфискацијата на партискиот имот

Sonja Petrusevska

СДСМ: Судството под контрола на Мицкоски го спасува Груевски, ВМРО-ДПМНЕ со одговор-фактите се непријатни за СДС

Kristina Kuzmanovski

Неколкумина загинати во пожар во зграда во центарот на Брисел

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе