Нема опасност од примањето вакцина „Фајзер“ и покрај поминатиот рок на употреба до крајот на декември 2021. Рокот на употреба е продолжен од 6 на 9 месеци, за што добивме одобрение од надлежните, вели директорот на Поликлиниката „ Јане Сандански“, по рекациите во јавноста дека некои граѓани се враќале од таму, откако им било кажано дека ќе примаат вакцина со изминат рок.
„Фајзер“ со Европската агенција за лекови го имаат документирано.Испратено е до нашите- Комитет за имунизација и МАЛМЕД. Од тука ние добивме документ дека можеме да ја употребуваме „ Фајзер“ и ние ја аплицираме овде во нашите пунктови, вели за Телма, директорот на Поликлиника „ Јане Сандански“, Боре радевски.
Според Радевски ретки се граѓаните кои одбиваат да се вакцинираат откако ќе слушнат за изминатиот рок на вакцината „ Фајзер“ и имаат завиден број вакцинирани од почетокот на годината, особено со трета доза.
Се вакцинираат сите. Можеби има исклучок на еден или двајца. Три дена сметајте по 300-400. Значи преку 1000 се вакцинирани.
Не сите граѓани се информирани за продолжениот рок на вакцината Фајзер, но оние кои ги анкетиравме во Поликлиниката велат дека за квалитетот на вакцините им веруваат на здравствените работници.
- Тоа не ми е познато и не би можела да кажам. Јас мислам дека се квалитетни вакцините и во ред е вакцинирањето.
- Во никој случај не се плашам од вакцината. Ниту за првата, ниту за втората, а уште помалку за третата.
Од Агенцијата за лекови и медицински сретства –МАЛМЕД велат дека откако Европската агенција за лекови го продолжила рокот на вакцините Фајзер од 6 на 9 месеци, носителот на одобрението, дистрибутерот на Фајзер од Србија поднел документација за одобрување на варијацијата и во Македонија.
Истата е одобрена на 20 октомври 2021 година од страна на Агенцијата за лекови и медицински сретства.На 29 ноември 2021 година, Комисијата за безбедност и огласување при МАЛМЕД, на седница го одобри Писмото за здравствените работници, за продолжување на рокот на употреба на вакцината.
Од Министерството за здравство велат дека во моментот располагаат со над 450 илјади дози вакцини Фајзер, со рок на траење од мај до август годинава.
176.670 дози, со рок на траење до мај 2022 година;
104.130 дози, со рок на траење до јуни 2022 година;
28.524 дози, со рок на траење до јули 2022 година;
145.080 дози, со рок на траење до август 2022 година.
Условите за чување на вакцините остануваат непроменети, на температура од -90 до -60 степени Целзиусови.
Сотир Трајков
