Македонија Топ вести

Во длабока сиромаштија и пред пропаст – деветчлено семејство со 5.000 денари од државата месечно моли за помош

Оваа скромна новогодишна елка и детскиот џагор кој постојано го има е единствената радост во домот на Нехат и Тања. За нив животот одамна не е лесен. Седумте деца ги издржуваат со само пет илјади денари социјална помош на месец. Ниту Нехат ниту неговата невенчана сопруга Тања не работат иако некогаш биле во полна сила. Низа болести коишто ги имаат сега, ги натераа да бараат помош од добронамерници.

Јас порано кога бев здрав работев и воопшто не се плашев од ништо. Работев физички работи и колку-толку се вадеа пари. Ќе извадиш денес 400, 500, 600 денари во зависност од тоа што ќе сработиш. Едно време одев по железо, по шишиња и се вртеше по некој денар колку да се преживее. Јас не барам сега некој да ме направи богат. Едноставно, колку може да се помогне. Не е срам човек да побара помош, срамота е да се краде, вели Нехат Зенделовиќ.

Тања Здравковска до лани работела како хигиеничарка во Општина Аеродром. Заради болеста поради која секој ден пие лекови таа веќе не оди да работи, но моли за вработување на најголемиот син кој има 19 години, затоа што барем со една плата многу полесно ќе се издржува ова семејство.

Се ближи Божик, сите деца ќе прославуваат, а јас на моите немам што да им ставам на трпезата. Поголемиот син има 19 години, ако може за него да се најде работа – јас ништо друго не сакам, вели Тања.

Домот на Нехат и Тања е социјален стан којшто го добиле од државата, во селото Драчево. До лани во него биле без струја затоа што не без никаква помош не можеле ниту долговите да ги подмират. Сега нивните деца кои одат на училиште не мора да учат на свеќа кога ќе се стемни, но чекаат на помош од некого за да можат да водат достоинствен живот.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Инаугурацијата на Силјановска Давковка во Собранието ќе се одржи утре напладне

Дејан Дејан

Мицотакис кажа дека изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои победија на изборите се следат со загриженост

Дејан Дејан

Борба за „пратеник-плус“ и вкупно 27 приговори за изборите поднесени до ДИК – роковите течат, набрзо ќе се одлучува

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе