Економија Најважни

Регулаторна пресече – 9,48 отсто поскапа струја од 1 јануари

9,48 отсто ќе поскапи струјата од 1 јануари пресече регулаторна по една недела пресметки кратења и жестоки дебати со претставниците на енергетските компании. Дневната ефитна тарифа се укинува, ноќната останува и онаа во недела. Низ бројки ова значи дека ако досега едно семејство плаќало во просек 1.500 денари месечно за струја сега ќе одвои 140 денари повеќе.

Една од најтешките одлуки кои ги имаат донесено. Ова беше квалификацијата на претседателот на Регулаторна, Марко Бислимовски, кој нагласи дека реално струјата требаше да поскапи за 25 отсто но и дека рестрикции нема да има.

За да се стигне до овие 9,48 отсто, регулаторите не признаа дел од трошоците кои ги прикажаа енергетските компании во нивните барања.

25 милиони евра за набавка на струја од обновливи извори и 21 милион евра односно 90 отсто од профитот на Електроистрибуција и МЕПСО се одбиени, а со укинувањето на дневната ефтина струја се намалува покачувањето за речиси пет отсто.

Енергетските компании кои бараа покачивање од 60 до 100 отсто не се задоволни од одлуката и тврдат дека ќе бидат на работ од ликвидност.

Бислимовски остна на ставот дека корекција на цената во јуни нема да има и дека дотогаш пазарот ќе стабилизира а берзантските цени ќе се намалат.

Откако БЕГ остана без природен гас, тврдењата дека „Макпетрол“ требало да ги снабди од компанијата ги отфрлија како невистини бидејќи „БЕГ“ ниту бил ниту е нивни клиент. БЕГ  набавува гас од нивниот сопственик ТЕ – ТО кој пак има склучено договор со кипраската фирма „Синтес“

АД „Макпетрол“ нема обврска ниту преговара за набавка и обезбедување на природен гас за „БЕГ“. Не е точно дека „Макпетрол“ дополнително учествувал во разговори за набавка на дополнителни количини за „БЕГ“. „Макпетрол“ напоменува дека сите количини кои беа побарани се одобрени од „Гаспром“. „Бег“ никогаш не обезбедувал гас преку „Макпетрол“ туку преку нивниот сопственик „Те – То“, соопштија од Макпетрол.

БЕГ побара покачување на цената на парното за 300 отсто, но од Регулаторна соопштија дека драстично почакување на цената нема да има. Тоа се должи на фактот што корисниците на БЕГ би се префрлиле на греење со струја а електричната мрежа нема капацитет да поддржи драстично поголем број на корисници.

Од Регулаторна најавија дека утре ќе излезат со информација дали и колку ќе поскапи цената на парно греењето за корисниците на БЕГ.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Дејан Дејан

Вработените во ФЗО на предупредувачки протест, генерален штрајк ако не им бидат усогласени платите со растот на минималната плата

Дејан Дејан

Осигурителните компании не ги вратија старите пониски цени на полисите за возилата, денеска нов состанок во финансии

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе