Останато Спорт

Ворли најбрза во Линц во велеслалом

Теса Ворли на велеслаломската трка во Линц, Австрија,  го оствари премиерниот триумф сезонава. Французинката до победата дојде со вкупно време по двете трки од 2:03,88 минути. Зад неа финишираше Петра Влхова од Словачка со 30 стотинки послабо време, а трета беше Швеѓанката Сара Хектор.

Во велеслалом води Микаела Шифрин со 280 бодови, која денеска не настапи. Хектор е втора со 262 бода, додека Влхова е трета со 235. Во генералниот пласман Шифрин води со 750 бодови пред Софија Гоџа, која има 657 бодови.

Утре во Линц се вози слаломската трка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина легендарниот кошаркарски коментатор Един Авдиќ

Sportska Redakcija

Ролан Гарос остана без првата носителка: Шнајдер ја шокираше Сабаленка (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Драконска казна за Шкендија: Суспензија од Купот и глоба од 105.000 евра

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе