Повеќе од 8.000 фалсификувани сертификати за вакцинација се издадени во швајцарскиот кантон Св. Гален.
Истражувањето сега е фокусирано на група вработени кои работат во приватен центар за тестирање на Ковид-19, бидејќи нивната работа им овозможи пристап до националниот систем за сертификација за вакцинација.
Осомничените ќе треба да платат одредена сума или ќе се соочат со казна затвор до пет години.
Оние кои платиле големи суми за лажни потврди за вакцинација добиле и казни или морале да платат одредена сума, велат од кантоналната управа.
Со стапка на вакцинација од околу 61 отсто од населението, Св. Гален е еден од најмалку вакцинираните швајцарски кантони.
Низ Швајцарија речиси 67 отсто од граѓаните се вакцинирани.
