Вести Ковид19 Свет

Нема новогодишни прослави во Италија – владата ги забрани поради забразаното ширење на корона вирусот

Италија ги заостри мерките за спречување на порастот на инфекциите со Ковид, вклучително и забрана за сите новогодишни прослави бидејќи дневните инфекции достигнуваат рекордно ниво, соопшти  италијанската влада.

Министерот за здравство Роберто Сперанза рече дека носењето маски повторно ќе биде задолжително надвор и им нареди на граѓаните да користат маски Ffp2 во јавниот превоз и на јавни места, како што се театри, кина и спортски настани, бидејќи тие обезбедуваат поголема заштита.

Покрај тоа, концертите и настаните на отворено ќе бидат забранети до 31 јануари, а дискотеките и   клубовите ќе мора да ги затворат вратите до тој датум за да спречат масовни собири за време на празничната сезона.

Новите мерки беа објавени на денот кога Италија забележа 44.595 нови случаи на коронавирус, што е зголемување за повеќе од 70 проценти за само една недела, бидејќи заразната варијанта Омикрон почнува да се шири низ целата земја.

Имаше и повеќе смртни случаи, 168 вчера, што е најголем број од мај, но под нивоата на претходните пикови, најмногу поради големиот број вакцинирани лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украина и Русија ослободија по 185 затвореници во последната голема размена

Дејан Дејан

Зеленски: Путин одбивајќи средба избира војна

Дејан Дејан

Тилев и Стојковски: Македонија треба да инсистира на „front-loaded“ пристап во преговорите со ЕУ, но клучот е во уставните измени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе