Италија објави 44.595 нови инфекции со Ковид-19, што е највисока дневна бројка од почетокот на пандемијата.
Италијанската новинска агенција АНСА објави дека претходниот рекорд бил 40.902 на 13 ноември 2020 година.
Со најновите дневни бројки, бројот на вкупните инфекции во земјата достигна над 5,51 милиони, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа, 168 луѓе во Италија ги загубија животите поради Ковид-19, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 136.245.
Досега во целата земја се спроведени 107,43 милиони дози вакцини, со што 46,17 милиони луѓе се целосно вакцинирани, додека над 16,36 милиони луѓе примиле трета доза на вакцина.
Според Универзитетот Џон Хопкинс од САД од декември 2019 година, пандемијата однесе над 5,38 милиони животи во најмалку 192 земји и региони, со повеќе од 278 милиони случаи пријавени ширум светот.
