Вести Ковид19 Свет

Турската вакцина против Ковид-19 Турковак е одобрена за итна употреба

Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, изјави дека домашно развиената турска вакцина против коронавирусот, „Турковак“, е одобрена за итна употреба, пренесува агенцијата Анадолија

Министерот присуствуваше на пуштањето во сериско производство на инактивната турска вакцина „Турковак“ во комплексот на Индустриската зона во Шанлиурфа, а на настанот преку видеоконференција се вклучи и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Од денеска станавме една од деветте земји што произведуваат вакцини против Ковид-19“, изјави Коџа.

„Турковак“ ќе биде во широка употреба од следната недела“, порача турскиот министер за здравство.

Уште од почетокот на развојот на вакцината, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе ја направи достапна на глобално ниво, велејќи дека таа ќе биде во корист на целото човештво.

„Нашата вакцина против Ковид-19, „Турковак“, која дојде во фаза на производство и употреба со добивањето на потребните одобренија, е симбол на нашите напори да ја заштитиме нашата нација од пандемијата на најефикасен начин“, рече Ердоган.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранската фудбалска репрезентација доби визи за влез во САД пред светското првенство

Дејан Дејан

Ерменија пред утрешните избори – Русија го зголемува притисокот врз прозападната влада

Дејан Дејан

Британскиот премиер Стармер, без да го именува Џ.Д Венс, ги критикуваше „луѓето кои се мешаат во нашата демократија“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе