За првпат во човековата историја вселенско летоло на НАСА го допре Сонцето. Историскиот контакт со сонцето на сондата Паркер се случил во април годинава, но на научниците од американската вселенска агенција им биле потребни неколку месеци за да ги проучат податоците и да го потврдат настанот.
Според податоците кои соларната сонда Паркер ги испратила назад до Земјата, таа прелетала низ горната атмосфера на Сонцето, наречена корона и од таму успеала да собере податоци за честичките и магнетното поле.
Оваа прерсвртница означува еден голем чекор за „Паркер Солар Проб„ и еден огромен скок за научаката која го проучува Сонцето.
Токму како што слетувањето на Месечината им овозможи на научните да сфатат како настанала, така допирот на Сонцето ќе им помогне на научниците да ги откријат критичните информации за нашата најблиска ѕвезда и нејзиното влијание на Сончевиот систем.
Првото поминување низ короната и ветувањето дека ќе има уште прелети, ќе им овозможи на научниците да дојдат до податоци за феномените коишто е невозможно да се проучуваат од далеку.
