Вести Ковид19 Свет

САД ќе ја ограничи употребата на вакцината Џонсон и Џонсон

Советодавната група на Центрите за контрола и превенција на болести на САД ќе се состане денеска за да разгледа воведување можни ограничувања за употребата на вакцината на Џонсон и Џонсон против Ковид-19. Причината е реткиот несакан ефект на згрутчување на крвта по вакцинацијата, објави Вашингтон пост.

Експертите ќе ги разгледаат новите презентирани податоци. Тие може да покажат зголемување на бројот на случаи на згрутчување на крвта кај луѓето вакцинирани со оваа вакцина од април, наведува весникот, цитирајќи лекари запознаени со ситуацијата.

Вакцинацијата со Џонсон и Џонсон веќе беше прекината на десет дена во април за да се тестираат за исклучително ретки, но потенцијално фатални згрутчувања на крвта, главно кај млади и средовечни жени. Пријавени се девет смртни случаи поврзани со проблемот.

Во декември, американските истражувачи објавија студија во „Сајнс адванс“ (Science Advances), која откри дека аденовирусните вектори што ги содржи вакцината се одговорни за тромбоза.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јавниот долг над 10 милијарди евра, годинава ќе ја пробие црвената линија

Дејан Дејан

(Видео) Украински дронови го нападнаа регионот околу Санкт Петербург – напад што Русија го опиша како „без преседан“

Дејан Дејан

Ќе доцни социјалната помош, од министерството ги замолуваат граѓаните да се стрпат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе