Вести Свет

Серија торнада го уништија гратчето Мејфилд во Кентаки – расте бројот на жртвите

Смртоносниот биланс од разорните торнада кои срамнија со земја цели населени места во Кентаки, најверојатно ќе надмине над 100 жртви предупреди гувернерот на оваа американска сојузна држава.

Најмногу настрада гратчето Мејфилд каде силните торнадо вртлози ја уништија локалната фабрика за свеќи, домот за стари лица во Арканзас и складиштето на Амазон. Преживеаните во шок раскажуваат за ужасот кој им се случил.

Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Кентаки и вети поддршка за погодените во страотното невреме.

Спасувачките служби ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани, а во акцијата се вклучени и 300 членови на Националната гарда, кои одат од врата до врата да му помогнат на локалното население.

Најдолгото торнадо кое ги погоди САД беше бурата  од 352 километри во Мисури во март 1925 година, кога загинаа 695 луѓе. Вакви елементарни непогоди се исклучителна реткост во зимските месеци.

Мартин Николовски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костадиновски: Имаме сериозно примитивна политичка култура

Sasko Dimovski

НЛБ Банка и Прагма продукција ја најавија големата летна концертна сезона 2026

Sonja Petrusevska

Условна казна затвор за екс претседателката на Антикорупциска Taтјана Димитровска

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе