Гласањето на вонредните избори за претседател на СДСМ на сите 194 гласачки места се одвива непречено, без застои во мирна и демократска атмосфера, со почитување на мерките за заштита од коронавирусот, соопшти партијата.
Според последните информации од Централната изборна комисија, до 14:00 часот гласале 27.248 членови на СДСМ, односно 47 отсто од активно регистрираните членови.
Гласањето трае до 19 часот.
По затворањето на гласачките места и по обработка на пристигнатите податоци, вечерва Централната изборна комисија на СДСМ ќе ги соопшти резултатите за вонредните внатрепартиски избори.
СДСМ поставува нови, највисоки стандарди на македонската политичка сцена и македонската демократија, СДСМ својот претседател го бира на внатрепартиски, непосредни избори, се наведува во соопштението од партијата.
Екипата на телма го следи изборниот процес во партијата. Во вестите во 15.30 се јави Далиборка Демјанска Цветановска.
