Ковид19 Свет

Грција ја намалува од шест на три месеци важноста на потврдата за прележан Ковид-19

По препорака на надлежната комисија на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, важноста на потврдата за прележан Ковид-19 во земјата, се намалува од 180 на 90 дена, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретниот амандман веќе е доставен во грчкиот Парламент и предвидува потврдата да важи само доколку лицата прележале Ковид-19 во изминатите три месеци.

Од минатата седмица промени има и во однос на начинот на издавање на потврдата.

Министерот за здравство Танос Плеврис соопшти дека потврдата за прележан Ковид-19 ќе се издава  само со направен ПЦР тест, а не со рапид тест како што беше пракса досега.

-Кога некој е позитивен дали со рапид или со селф тест ќе може да влегува во карантин, но за да има потврда за прележана болест ќе треба да направи ПЦР, објасни во четвртокот министерот за здравство на Грција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над 20 случаи во Грција со вирусот Западен Нил

Kristina Kuzmanovski

Европската Унија постигна договор за 21-от пакет санкции за Русија

Sasko Dimovski

Агент што го познавал Епстин пронајден мртов во стан во Париз

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе