Вести Ковид19 Свет

Франција ги затвора клубовите на Божиќ, нема да воведе локдаун и полициски час

Франција одлучи да ги затвори ноќните клубови на четири недели пред Божиќ и да ги зајакне мерките за физичко растојание и санитарните протоколи за училиштата, но нема потреба од нови затворања или полициски час, изјави премиерот Жан Кастекс.

Кастекс рече дека петтиот бран на пандемијата силно ја погодува земјата. Сепак, тој нагласи дека со 52 милиони вакцинирани состојбата е подобра од порано и дека нема потреба од построги мерки пред Божиќ.

Министерот за здравство, Оливие Веран, рече дека комбинацијата на засилувачки дози и поригорозни мерки на физичко растојание ќе и овозможат на Франција да го избегне „локдаунот“ што моментално е на сила во неколку европски земји.

„Сакаме да поминеме низ овој бран од пандемијата без нови ограничувања за целото население, без разлика дали е вакцинирано или не“, додаде тој.

Од петок ноќните клубови ќе бидат затворени четири недели, а владата исто така ги повика граѓаните доброволно да ги ограничат приватните и деловните собири.

Она што е уште позагрижувачки од зголемувањето на бројот на заразени е бројот на хоспитализирани пациенти, кој денеска е поголем од 11.000, што е праг кој не е достигнат од крајот на август.

За да го запреме ширењето на вирусот, мораме „да го задржиме нашиот штит за вакцина и да го прошириме и зајакнеме“, рече премиерот на прес-конференција.

На тој начин, сите Французи на возраст над 65 години ќе можат да добијат бустер доза без закажување на термин.

Француската влада, исто така, размислува да отвори вакцинација за сите деца на возраст од 5 до 11 години, „на доброволна основа, доколку е можно до крајот на годината“.

Бидејќи инциденцата на деца е многу висока, санитарниот протокол за училиштата е подигнат на трето ниво, што значи ограничување на контактните спортови или нова организација на оброци во мензите за да се избегне гужва и построги мерки поврзани со носење маски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Со наградите за животно дело – започна 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Од 30-мината кои земале плата од ИЈЗ без да доаѓаат на работа, останале само уште двајца или тројца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе