Вести Свет

Птичјиот грип во Јапонија се прошири и во Хирошима

Епидемијата на птичји грип, која се појави во провинцијата Акита во Јапонија во ноември, се прошири и во друга провинција.

Случаите на масовен птичји грип, за кои се наведува дека се позаразни, се потврдени во живинарска фарма во градот Фукујама во Хирошима.

Во објектот биле убиени 30 илјади кокошки.

Во генетските прегледи е утврдено дека мутацијата што ја предизвикала епидемијата во фармата е вирусот H5 тип, кој има висока стапка на смртност и заразност.

Владата на Хирошима ја прогласи областа во радиус од 10 километри од објектот за ограничена област за движење како мерка на претпазливост, пратките со пилешко и јајца од сите фарми, вклучително и шест блиски производствени капацитети, беа суспендирани.

Епидемијата на птичји грип, која првпат беше забележана во државата Акита, се прошири во државите Кагошима, Хјого, Кумамото, Чиба и Саитама, а десетици илјади живина беа убиени како мерка на претпазливост.

Во Јапонија, каде што бројот на убиена живина надмина рекордни 6 милиони минатата година, беше објавено дека претходниот рекорд бил 5,78 милиони угинати кокошки поради помалку заразниот вид на вирусот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тодоров: СДСМ покажаа епохална неспособност за нормално функционирање на државата

Дејан Дејан

ОДИХР со позитивна оценка за изборниот процес сепак имаат забелешки за негативната кампања

Дејан Дејан

ДИК: Нема да има прегласување на трите гласачки места во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе