Вести Македонија Најважни

Алтернатива доби тројца министри и заменици-министри, но во влада со нов мандатар на местото на Заев

Министерството за задравство, за информатичко општество и администрација и министер без ресор задолжен за дијапсората, како и замениците-министри за образование, култура и веројатно и во земјоделие одат во рацете на Алетернатива. Тоа е цехот кој е договорено да го плати владината коалиција СДСМ – ДУИ за укрупнување на владеачкото мнозинство. Но освен отстапување на позициите во министерставата, двете партии во полза на Алтернатива ќе треба да се откажат и од неколку клучни директорски места.

„Алтернатива ќе преземат одговорност во менаџирањето на управувачките и раководните органи во повеќе институции на централно и на подрачно ниво. Меѓу нив од поважните ги издвојуваме МЕПСО, Фонд за пензиско и здравствено осигурување, Железници – транспорт,  Клинички центар Тетово, агенција за странски инвестиции“, информираше Заев.

Но иако на хартија е веќе направена реконструкцијата на владата, во која ќе се вратат и неколку позиции на министри без ресор кои претходно беа укинати, договорениот нов состав на владата ќе се ефектуира од новиот мандатар на владата, откако Зоран Заев ќе се повлече од премиерското место. Заев денеска потврди ќе поднесе оставка, велејќи дека неговото време како премиер се брои во денови, односно недели, поточно до расчисување на ситуацијата со Бугарија и старт на преговорите на земјава со ЕУ, најдоцна до јануари.

„Новите министри, новата влада нема да дојдат со мене како премиер. Новите министри, новата влада ќе дојдат со нов мандатор, односно со иден премиер на владата на РС Македонија“, рече Заев.

Инаку Заев денеска отворено застана зад кандидатирата на Димитар Ковачески за негов наследник на лидерската позиција во СДСМ и иден мандатар на влада.

Но ако Заев ги откри своето кадровско решение во патијата, лидерот на алтернатива, Африм Гаши пак не сакаше да ги открие имињата на партиските кадри кои ќе ги пополнат позициите во идната влада кои ги доби Алтернатива, велејќи дека за тоа допрва ќе се одлучува. Тој не ги потврди ниту имињата кои веќе неофицијално се споменуваат за некои позиции како тоа на Беким Сали за иден министер за здравство или на Орхан Муртезани за директор на МЕПСО. Неофицијалните информации кои ни Гаши ни Заев денеска не сакаа да ги потврдат се дека Алтернатива ќе добие вкупно 47 раковидни позиции во централната власт. За возврат на тоа Гаши денеска ги откри деветте точки од новата владина програма.

„Владата ќе достави службено барање во Европската комисија со кое ќе побара екипа на независни експерти кои ќе извршат меѓународно истражување во сомнителните процеси со политичко влијание, како што се ’Монбструм’, “Диво насеље’, ’Малиот Алмир’ и т.н.“, рече Гаши.

Алтернатива освен ова побарала и добила менување на законот за извршување, национална стратегија за образование, струјата да не поскапи попвеќе од 20 проценти, јакнење на борбата против организираиот криминал и корупција, како и тоа владата да побара од Европските институции истрага на неколку судски процеси, меѓу кои, Монструм , Диво насеље, за да се отфрли сомнеж дека тие биле под политичко или друго влијание.

Гаши и покрај сите барања на кои и е удоволено на Алтернатива за влез во владата, најави дека на локално ново ќе остане во коалиција со сегашните опозициски – Алијанса и ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние унилатерално нема да ги прекинеме овие коалиции, се додека од другата страна нема раскинување“, рече Гаши.

Промовирајќи го денеска новото собраниско мнозинство кое сега брои 64 пратеници, Заев беше дециден дека предвремени избори нема да има. Тој најави дека мандатот на владата ќе трае до 2024 година.

Заев кој денеска беше видно изморен и нерапсоложен и во едно поинакво издание од кое јавноста досега беше навикната да го гледа, единствено се насмевна и звучеше оптимистички кога зборуваше за министерот за здравство Венко Филипче, кого го нарече свој многу близоки пријател ми најдобар министер досега за здравство, а кого го жртвуваше за влез на Алтернатива во владата.

„Министерот Венко Филипче сега во иднина ќе стане подругар со мене отколку што бил. Ќе имаме повеќе време за да бидеме другари. Доколку новите кадри што доаѓаат и новиот премиер, не смета на него, јас сметам на него во мојот приватен живот“, порача Заев за Филипче.

Тамара Грнчароска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Палевски, осомничениот за ликвидацијата на Вања и пензионерот Панче ќе биде екстрадиран, но не се знае кога МВР ќе го преземе

Дејан Дејан

Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски

Дејан Дејан

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе