Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел синоќа ги повика Германците да се спротивстават на омразата. Канцеларската функција ќе ја напушти по 16 години владеење, следната недела, кога социјалдемократот Олаф Шолц ќе положи заклетва. Таа нему и на новата влада им посака „се најдобро, среќа и многу успех“. Свеченоста се одржа во германското Министерство за одбрана поради пандемијата на коронавирусот, а воениот оркестар отсвири три песни по избор на самата Меркел, една од нив беше панк песна од 70-тите.
Меркел на прошталната свеченост: Не толерирајте омраза
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
