Вести Ковид19 Свет

Австрија го продолжи карантинот за уште десет дена

Австрискиот Парламент синоќа го продолжи карантинот за уште десет дена.

Мерката за заклучување може да се усвои само на 10 дена, па затоа беше потребна нова собраниска одлука за продолжување на епидемиолошката мерка, бидејќи беше планирана за вкупно 20 дена.

Според планот на австриската Влада, карантинот за вакцинираните и излекуваните ќе заврши на 12 декември, а ќе продолжи за невакцинираните.

Пратениците од Австриската народна партија (ОВП), Зелените и Социјалдемократската партија (СПО) гласаа за продолжување на „локдаунот“.

Одлуката на австрискиот Парламент вклучува и една новина, а тоа е дека продавниците кои имаат право да работат за време на карантин, тоа можат да го сторат најдоцна до 19 часот, наместо до 21 часот како што беше досега.

Министерството за здравство го искористи усвојувањето на измените на мерките за коронавирусот, за скратување на важноста на сертификатот за вакцинација од 360 на 270 дена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Со наградите за животно дело – започна 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Од 30-мината кои земале плата од ИЈЗ без да доаѓаат на работа, останале само уште двајца или тројца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе