Вести Ковид19 Свет Топ вести

Новата варијанта на корона вирусот се шири низ  светот- 13 патници во Холандија позитивни на Омикрон

Новата варијанта на корона вирусот се шири низ Европа и светот. Околу 13 патници кои со авион допатувале од Јужна Африка во Холандија се позитивни на Омикрон. Патниците кои тестирале позитивно на Ковид-19 се ставени во карантин во хотел во близина на аеродромот Шипхол во Амстердам. Тие патувале заедно со уште 61 патник, кои откако допатувале во петокот на Холандија, се ставени во изолација.

  • Сите 61 патник влегоа во изолација, а повеќето од нив се во хотел во моментот во близина на Шипхол, а неколку од нив отидоа дома за да бидат таму во изолација- Харм Грустра, портпарол на регионалната холандска здравствена управа.

Австралија, земјата која воведе 72-часовна изолација на сите кои пристигнуваат од странство, регистрираше двајца позитивни патници. Тие се изолирани во посебни здравствени карантини, инаку биле целосно вакцинирани и не покажале никакви симптоми. Маските за лице ќе бидат задолжителни во продавниците и во јавниот превоз во Англија, а по пристигнувањата во Велика Британија мора да направат ПЦР тестови. Новите мерки ќе помогнат на луѓето да им се обезбеди да можат „да уживаат во Божиќ со своите семејства. Иако лекарите велат дека се шири непотребна паника, Џавид смета дека британската влада постапила „брзо“ и „на пропорционален начин“.

  • Знаете, бараме веднаш секој што пристигнува од странство, од каде и да доаѓа, да се изолира додека не добие негативен резултат од ПЦР тестот. Исто така, бараме ако бил во близок контакт со некој што се сомнева дека ја има оваа нова варијанта, од нив ќе биде побарано да се самоизолираат 10 дена. Ќе бараме носење маски за лице во продавниците и јавниот превоз- Садик Џавид, секретар за здравство на Британија.

Патниците на израелските авиони кои се враќаат во неделата реагираа на новите мерки што ги донесе владата како дел од нејзините напори да ја запре новата варијанта на коронавирус Омикрон.

Израел воведе забрана за влез на странци и задолжителен карантин за сите Израелци кои пристигнуваат од странство. Вчера во оваа земја беше откриена новата варијанта кај патник кој се вратил од Малави, се истражуваат седум други сомнителни случаи.

  • Денес пристигнав од дводневен престој во Истанбул. Мојот првичен план беше да останам на тридневен одмор, но поради новите одлуки на израелската влада, го прекинав одморот во Истанбул и се вратив порано- Незар ал Туна, Израелец.
  • Не сум премногу нервозен за тоа што се случува. Претпоставувам дека, вакцинирана сум, веќе имав КОВИД, па мислам дека сè треба да биде во ред- Ноам Едри, израелска патничка која се враќа од Лондон.

Новата варијанта на коронавирус е откриена во Јужна Африка за која научниците велат дека е загрижувачка поради големиот број мутации и брзото ширење. Омикрон првпат беше пријавен до Светската здравствена организација од Јужна Африка во средата.

Швајцарците денеска на референдум гласаат за новиот закон според кој ќе треба да се воведе употреба на специјални ковид пропусници за влез на јавни места. За разлика од другите земји во Европа, швајцарската влада на зголемувањето на инфекциите не одговори со нови ограничувања. Доколку Швајцарците го поддржат законот, владата би можела да ги засили анти-ковид мерките. Во последните неколку недели во Швајцарија стапките на новозаразени вртоглаво се зголемија.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе