Вести Свет

Првата седница на новиот бугарски Парламент се очекува да биде свикана на 1 декември

Бугарскиот претседател, Румен Радев, се очекува да донесе указ за свикување на новоизбраното Народно собрание за 1 декември.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, најитната задача пред новиот парламент на Бугарија ќе биде усвојувањето на државниот буџет за 2022 година.

Во 47. Народно собрание ќе има седум политички партии, од кои две нови, победничката „Промените должуваат“ на двајцата поранешни привремени министри за економија и финансии Кирил Петков и Асен Василев и најмалата „Преродба“ на Костадин Костадинов, кој има антиваксерска и проруска ориентација.

Новоизбраните бугарски пратеници веќе го одржаа својот технички состанок во зградата на Народното собрание.

Првата средба е традиционално свечена и се очекува да биде на почетокот на политичката сезона – 1 декември. Седницата ќе ја отвори најстариот пратеник во 47. Народно собрание, а тоа овојпат ќе биде Силви Кирилов од „Има таков народ“, по што пратениците полагаат заклетва, ги презентираат водечките приоритети и го избираат раководството на парламентот.

Според процедурата, пратениците во првите денови од својата работа ќе ги избираат членовите на постојаните и привремените собраниски комисии и ќе изработат нови правила за работа на 47. Народно собрание.

Се очекува за кусо време претседателот на Бугарија Румен Радев да му наложи на кандидатот за премиер на „Промените продолжуваат“ Кирил Петков да формира влада и до Народното собрание да ја достави предлог структурата и нејзиниот состав.

Буџетот на Бугарија за 2022 година се очекува да биде усвоен најдоцна до крајот на јануари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Костадиновски: Имаме сериозно примитивна политичка култура

Sasko Dimovski

НЛБ Банка и Прагма продукција ја најавија големата летна концертна сезона 2026

Sonja Petrusevska

Условна казна затвор за екс претседателката на Антикорупциска Taтјана Димитровска за оддавање податоци на обвинето лице

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе