Вести Македонија Најважни

Заев за Телма: Се ќе биде јасно по завршувањето на преговорите со Алтернатива и Бугарија

Премиерот Заев без конкретен одговор дали во овој момент ќе се повлече од премиерската фуккција а оставката ќе ја депонира во Собранието или пак ќе го послуша барањето на неговиот коалициски партнер ДУИ  својот мандат да го заврши  до 2024 година. Во одговор за ТЕЛМА ,Заев  вели, се ќе зависи од преговорите со Алтернатива и со Бугарија.

Зоран Заев: Прво треба да се завршат преговорите за парламентарното мнозинство со Алтернатива.Ако тоа се заврши и јавно објави,ќе се направи проценка со стабилно и зголемено парламентарно мнозинство,кога да се влезе во Парламентот со постапка за избор на Влада со Алтернатива, а во зависност од преговорите со Бугарија.Една од најзначајните причини поради кои Алтернатива би влегла во Влада е да обезбеди стабилна Влада и стабилно мнозинство поради почетокот на преговори со ЕУ.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи упати апел Заев да остане на премиерската функција , да не се загрозат евроинтегративните процеси и државата да не влезе во нови проблеми.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски бара од Заев по поднесената оставка во партијата истото да го направи и во Владата.

Владејачките СДСМ и ДУИ очекуваат успешно да завршат преговорите со Алтернатива и до крајот на неделата да се соопшти новото парламентарно мнозинство.Министерот за надворешни работи Бујар Османи потврди дека во овој момент имаат 61 пратеник но името на пратеникот кој би им се приклучил не го соопшти. Во СДСМ во тек е постапката за поднесување кандидатури за нов лидер на партијата која ќе трае до петок. Засега како можен наследник на Заев се промовираше само актуелниот замник министер за финасиии Димитар Ковачевски кој беше присутен и на средбата со Алтернатива.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе