Вести Ковид19 Свет Топ вести

Светот ја изолира Јужна Африка, ова се драконски мерки одговараат властите во Јоханесбург

Голем број земји во светот набрзина воведоа забрани за патувањата и авионските летови од земјите од јужна Африка, во обид да го спречат ширењето на новиот сој на корона вирусот наречен Омикрон. САД, ЕУ, Канада, Русија Австралија, Бразил, Обединетото Кралство го кренаа алармот и набрзина реагираа.

Светската здравствена организација вчера го опиша овој сој како варијанта која создава загриженост заради големиот број мутации, кои потенцијално можат да ја избегнат заштитата од природниот, односно стекнат со прележување, или вакциналниот имунитет.

Сепак засега ништо не е со сигурност познато. Дали Омикрон варијантата побрзо се шири од засега доминантната Делта варијанта, или пак можеби предизвикува потешка форма на болест.

“Во моментов се спроведуваат голем број студии. Многу работа треба да се заврши во Јужна Африка и другите земји со цел подобро да се опише варијантата во поглед на преносливоста, во поглед на сериозната и потенцијалното влијание на нашите противмерки, кои ги употребуваме во дијагностицирање, лекување или вакцините. Досега, имаме малку информации, но овие студии се во тек и потребно е време истражувачите да ги спроведат” – изјави Марија ван Керкове, технички лидер на програмата на СЗО за вонредни ситуации.

Случаи на заразени со Омикрон варијантата досега се регистрирани и во Ботцвана, Белгија, Хонг Конг и Израел. Потенцијално сомнителни случаии денеска пријавени се и во Германија и Чешката република.

Мерките кои ги воведувате против нас се драконски и целосно во спротивност со нормите и стандардите на Светската здравствена организација, оцени јужно-африканскиот министер за здравство, Џо Фаала.

Земјите кои реагираат вака против нас, самите се соочуваат со огромен пораст на бројот на заразени со Ковид -19, тврди Џо Фаала.

“Во моментов ние зборуваме и загрижени сме за нашиот дневен пораст на случаите. Денеска нашиот национален институт објави околу 2008, поточно 2800-тини заразени, што е навистина повеќе од тоа што ни се случуваше пред 2 недели, но сепак е драстично помалку од земјите во Европа кои имаат дневна стапка на инфекции до 50 000 случаи, и повеќе од тоа” – вели јужноафриканскиот министер за здравство.

Само околу 24% од населението во Јужна Африка е вакцинирано против Ковид -19, што е делумно предизвикано од скептицизмот кон вакцините но во уште поголем дел и од недоволното споделување на вакцините со остатокот од светот.

Додека во САД и Европа започна кампањата за трети дози вакцини, во огромен дел од афричкиот континент, луѓето кои сакаат да се имунизираат не можат да ја примат ниту првата доза.

Повеќе десетици милиони вакцини во Соединетите американски држави се уништуваат заради истечен рок а во Африка стапката на имунизираност е под 10 проценти.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер погоди делови од Јапонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе