Вести Ковид19 Свет

СТО го одложи министерскиот состанок поради новиот „омикрон“ сој на коронавирусот

Светската трговска организација (СТО) соопшти дека го одложува својот прв министерски состанок по четири години поради влошената здравствена ситуација, што оваа најавена средба ја направи првата голема дипломатска „жртва“ на новиот вид коронавирус наречен „омикрон“.

Министрите на членките на СТО требаше да се соберат следната недела на состанок, што се сметаше и за тест за важноста на таа организација.

Од СТО по овој повод соопштуваат дека членките доцна синоќа се согласиле да ја одложат министерската конференција, откако новата варијанта на коронавирусот доведе до ограничувања на патувањата, што ќе спречи многу министри да пристигнат во Женева, каде што требаше да се одржи состанокот.

Нов датум за состанокот не е одреден.

Швајцарија, земјата во која се наоѓа седиштето на СТО – Женева, вчера ги забрани директните летови од Јужна Африка и околниот регион и воведе тестирање и карантин за патување од други земји, вклучувајќи ги Белгија, Хонг Конг и Израел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе