Вести Ковид19 Свет

Модерна ќе развие дополнителна доза од вакцината за новооткриениот „омикрон“ сој на коронавирусот

Компанијата Модерна соопшти дека има намера да развие засилувачка доза на антиковид вакцината, специјално насочена кон новиот вид на вирусот – омикрон, што е откриен во Јужна Африка, а Светската здравствена организација го опиша како „загрижувачки“.

„Модерна брзо ќе развие кандидат за вакцина за засилувачката доза специфична за омикрон сојот“, се наведува во соопштението на американската компанија.

Советодавниот панел на Светската здравствена организација (СЗО) вчера го класифицираше новиот сој на коронавирус , откриен во Јужна Африка, како „загрижувачки и високо пренослив вирус“ и го нарече омикрон.

Во истата категорија е и делта сојот на вирусот што стана доминантен во светот.

Бројни земји ширум светот, вклучувајќи ги САД, Канада, ЕУ и други, вчера експресно воведоа ограничувања за патување од земјите во јужна Африка поради новиот сој на вирусот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе