Вести Ковид19 Свет

Во Турција побарана дозвола за итна употреба на домашната вакцина Турковак

Министерот за здравство на Турција, Фехратин Коца денеска изјави дека е побарана дозвола за итна употреба на домашната вакцина против Ковид-19, Турковак од Турската агенција за лекови и медицински средства (ТИТЦК).

Турковак е вакцина развиена од турското Министерство за здравство, Турскиот здравствен институт и Универзитетот Ерцијес, при што се завршени првата и втората фаза на испитување, а третата фаза е при крај.

– Се надеваме дека до крајот на годината вакцината ќе биде во широка употреба. Сакам нашата вакцина да биде корисна за нашата земја и целиот свет, посочи Коца.

И претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган повеќе пати најавуваше дека турската вакцина против Ковид-19 ќе ја сподели со целиот свет.

Во Турција досега се аплицирани околу 120 милиони дози вакцина против Ковид-19, а се употребувани вакцините на Фајзер/Бионтек и Синовак.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе