Вести Ковид19 Свет

Австрија од денеска влегува во нов локдаун

Од денеска во Австрија почнува четвртото заклучување поради епидемијата на коронавирусот, со што земјата стана првата западноевропска земја што повторно воведе драстична и непопуларна мерка оваа есен.

Повеќето места каде што се собираат луѓето, како ресторани, барови, театри и продавници, ќе бидат затворени 10 дена, а Владата соопшти дека заклучувањето може да продолжи и 20 дена.

Ќе мора да се затворат и божиќните саеми кои привлекуваат голем број туристи, но скијачките центри остануваат отворени за вакцинираните. Хотелите ќе се затворат, но ќе останат отворени за оние кои останале во нив пред заклучувањето.

– Ова е ситуација кога треба да реагираме сега. Заклучувањето, релативно тежок метод, е единствената опција за намалување на бројот на инфекции овде, изјави министерот за здравство Волфганг Муекштајн за ОРФ.

Во петокот, Владата во Виена соопшти дека денеска повторно ќе воведе целосно заклучување и оти вакцинацијата ќе биде задолжителна од 1 февруари, потег што го спроведоа само неколку земји.

Граѓаните можат да ги напуштат домовите само доколку одат на работа или да купат основни намирници. Одењето на прошетка е дозволено без временски или далечински ограничувања, а истовремено може да се сретнат две лица од различни домаќинства.

Работните места и училиштата остануваат отворени, но Владата побара од родителите да не ги испраќаат своите деца во училиштата и да ги задржат дома ако е можно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе