Психичко и физичко изживување, уцени закани и силување. Ова е пеколот и теророт кој ги чекал мигрантите во импровизирани кампови на македонско српската граница раководени од мигранти од Пакистан и Авганистан. Мажи жени и деца биле жртви на монструмите, инаку сонародници, кои сега се во притвор и кои ги чека најмала казна од 8 години затвор. Организаторите на мачилиштата на границата се во бегство.
Акцијата е изведена завчераа бидејќи станува збор за непристапен терен – местото викано Топтел над селата Лојане и Ваксинце користени се полициски хеликоптери. Спасени се 35 мигранти меѓу кои има девет деца на 14 и 15 година возраст а уапсени се четвроциа монструми.
Според официјалните информации на Обвинителството, стотици мигранти минале низ овие чистилишта во периодот од август до ноември. Присилно ги задржувале во камповите, им ги земале телфоните и пасошите за да не може да побегнат а потоа праќале слики до нивните семејства за да им изнудат пари. Заробените мигранти биле тепани и силувани.
Двајца од осомничените кои се уапсени се петнаесет годишни малолетници.
Од МВР информираат дека трендот на зголемување а илагалните премини на грачно турската граница сеуште не го зафатил регионот. Годинава се откриени 10 илјади обиди за илегално преминување на границата помалку од лани, и повтоно станува збор за јужната граница.
Обидите за илегални преминувања на границите со соседните земји бележат опаѓачки тренд за 36,5%. Притоа, годинава се спречени околу 16 илјади обиди за илегално преминување на границите или речиси 10 илјади обиди помалку во споредба со истиот период минатата година, и тоа најмногу на јужната граница. Како логична последица на тоа е и трендот на намалување на случаите на криумчарење мигранти за повеќе од 60%, а бројот на поднесени нови барања за азил е намален дури за 70%, соопштија од МВР.
На јужната граница сеуште е на сила кризната состојба проглесена уште во август 2015 година при првиот наплив на бегалци.
Огнен Чанчаревиќ
